5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВести од светот

Вести од светот

news1

Вести од светот – 27.09.2013

Подгорица – Во „Комбинатот за алуминиум Подгорица“ (КАП) нема да биде спроведен планот за реорганизација со програмиран стечај, туку фабриката ќе биде ликвидирана. Фабриката ќе се ликвидира поради долгови кои надминаа 460 милиони евра. Програмираниот стечај во КАП е воведен на 8 јули, при што сите претходни договори се ставени вон сила, а престанаа и надлежностите на дотогашната руска управа. По формалното прогласување на банкрот, имотот на КАП, како стечајна маса, ќе биде продаде.

Загреб – По една година Европската канцеларија за избор на кадри (ЕПСО) објави листа на кандидати од Хрватска кои се квалификуваа за работа во институциите на ЕУ. Од јуни 2012 година ЕПСО објави дури девет конкурси наменети за државјаните на Хрватска. Повод за конкурсот беше хрватското приклучување на Европската унија на 1 јули оваа година.

Загреб – Поради спојувањето со „Меркатор“, „Агрокор“ најверојатно ќе мора да продаде дел од продажниот простор, да ги даде на долгорочен закуп или да го затвори. Постапката за оценка за евентуалната моноплчска позиција по спојувањето на „Агрокор“ и „Меркатор“ формално се уште не е почната, но „Агрокор“ ќе мора да предложи мерки со кои ќе се отстранат негативните влијанија на пазарот, бидејќи пазарниот удел на компанијата по спојувањето на малопродажните мрежи на „Меркатор“ и „Агрокор“ во Хрватска ќе достиге меѓу 30 и 40 отсто.

Сараево – Хрватско-унгарскиот конзорциум ИНА-МОЛ ја тужеше Владата на Федерацијата БиХ врз основа на судски спорови кои тој конзорциум ги презема со докапитализацијата на „Енергопетрол“. Се работи за тужбено барање кое изнесува околу 68 милиони конвертибилни марки (околу 34 милиони евра), а конзорциумот ИНА-МОЛ дури покрена и арбитражна постапка пред Меѓународната трговска комора во Париз за да ги наплати тие средства.

Стокхолм – Шведската модна компанија „Еј-Ем“ (H&M) соопшти дека нејзиниот профит во третиот квартал е зголемен за една третина, благодарение на добрата продажба, посебно во Кина и Јапонија. H&M наведе дека во третото тримесечје нејзините приходи пораснале на 32 милијарди круни (5 милијарди долари) од 28,8 милијарди круни од истиот период лани. Нето профитот истовремено скокнал за 22 отсто од 3,6 на 4,4 милијарди круни (690 милиони долари).

Њујорк – Дополнителни 2,5 милијарди долари ќе бидат инвестираат за да се остварат Милениумските цели на ОН и до 2015 година да го преполови бројот на екстремно сиромашните луѓе во светот. Генералниот секретат на ОН Бан Ки-мун на министерски состанок на маргините на Генералното собрание на ОН рече дека изгледите да се намали бројот на сиромашните се разликуваат од земја до земја и потсети дека над една милијарда луѓе имаат помалку од 1,25 долари дневно. Генералниот секретар на ОН рече дека во постигнувањето на Милениумските цели на ОН многу инвестираа влади на повеќе земји, Светската банка и некои стопанственици.

Лондон – „Нокиа“ призна дека исплатата на отпремнината на поранешниот директор Стивен Елоп, од дури 18,8 милиони евра била грешка. Претседателот на „Нокиа“ призна дека случајно ја измамил јавноста за случајот со отпремнината од 18,8 милиони евра која ќе биде исплатена на поранешниот директор Стивен Елоп, по продажбата на овој познат фински производител на телефони на американската компанија „Мајкрософт“, пишува британскиот весник „Гардијан“. Претседателот на „Нокиа“, Ристо Силасма прво се обиде да ги смири острите реакции на јавноста на износот кој ќе му биде исплатен на Елоп, со изјавата дека условите за отпремнина се многу слични на тие кои ги имаа и претходните директори на „Нокиа“.

Вашингтон – Владата на САД предупреди дека нема да биде во состојба по 17 октомври нормално да ги плаќа своите обврски попради постоечката горна граница на јавниот долг. Американскиот министер за финансии Џејкоб Лу, во обраќањето на Конгресот рече дека по повеќемесечното „жонглирање со потрошувачката“, поради исполнувањето на владините обврски без дополнително задолжување, оваа вонредна мерка до тој датум ќе биде исцрпена, што ќе го остави Министерството за финансии со само 30 милијарди долари во готово.

Женева – Поранешниот директор на ММФ Доминик Строс Кан е именуван за претседател на Управниот одбор на луксембуршката финансиска компанија „Анатевка“, која котира на берзата во Париз. Кога ќе ја преземе должноста, компанијата која во 1994 година ја основа финансиерот Тјери Лејн, ќе биде преименувана во „Лејн, Строс Кан и партнерите“, или ЛСК, се наведува во соопштението. Оваса инвестициска банка се занимава со управување на пари, ризичен капитал, осигурување и финансиско посредување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП