16 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоговорите вредни милијарди и носат рекорден раст на воената индустрија на Турција

Договорите вредни милијарди и носат рекорден раст на воената индустрија на Турција

Во првите недели од руската инвазија на Украина, на интернет се појави музичко видео на кое се гледаат руски ракетни фрлачи и тенкови како цел на беспилотно летало, додека мажи со длабок глас пеат песна посветена на предметниот дрон.

Тоа е турскиот „Bayraktar TB-2“ кој одигра водечка улога во украинските сили кои ја спречија почетната офанзива на Русија. Веќе познатиот дрон го произведува истанбулската одбранбена компанија „Baykar Makina“, чиј главен офицер за технологија е зет на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, истакнува „CNBC“, анализирајќи го подемот на турската одбранбена индустрија во последните години, симболизиран од самата „ТВ 2“.

Но, беспилотните летала не се единственото нешто што го подигнува статусот на Турција како сè поважен играч во глобалната одбранбена индустрија. Огромниот број меѓународни зделки што одбранбените компании во земјата ги склучија во изминатите неколку години откриваат брзо растечка побарувачка, големи инвестиции во истражување и развој и зголеменото влијание на секторот за оружје врз надворешните односи на Турција.

Рекорден извоз на одбранбени производи

 Во 2022-ра година, Турција постигна рекорден извоз на оружје од 4,4 милијарди долари, износ поголем од годишните буџети за одбрана на некои европски земји. И сега, откако ги надмина минатогодишните цели, турската влада цели таа бројка да достигне 6 милијарди долари во 2023-та година. Одбранбената индустрија на земјата како целина минатата година имаше обрт од 10 милијарди долари, според материјалот на „CNBC“.

Заработката од одбранбениот извоз во странство се зголеми за 42% помеѓу 2020-та и 2021-ва година, при што странските договори сочинуваат до 90% од приходите на некои турски компании. „Baykar Makina“ е претставник на оваа групација, а Турција е дом на околу 2.000 организации кои работат во овој сектор.

Корените на овој брз развој на турската воена индустрија можат да се следат уште во 2000-та година, кога Анкара ја претстави стратегијата за изградба на модерен и независен одбранбен сектор и промовирање на домашните инвестиции во него. Дведеценискиот проект на Ердоган, кој сè уште се потпира на големи државни инвестиции во локални компании, веќе почна да се исплати бидејќи продажбата на оружје го зголемува влијанието на Турција во странство, посочува „CNBC“.

И додека военото производство на Турција е сè уште мало во споредба со главните играчи како САД, Русија и Кина, земјата го привлече вниманието на јавноста поради ефикасноста на своето оружје како што е беспилотниот „Bayraktar“, кој, покрај Украина, се користеше и во Либија, Сирија и за време на конфликтот меѓу Азербејџан и Ерменија.

Одржување надворешни односи

Продажбата на оружје и технологија, особено беспилотни летала, „и помогна на Турција да ги подобри своите врски на меѓународно ниво“, напиша Атлантскиот совет, како што се наведува од „CNBC“, а особено со „земјите како Казахстан, Киргистан, Туркменистан и Азербејџан“. Не е исклучено земјата дури и да воспостави нови врски со разни други земји како Полска, Саудиска Арабија и Тунис.

„Продажбата го зајакнува влијанието на Турција и во земјите од Персискиот Залив. За време на најголемата изложба на оружје на Блискиот Исток – „IDEX“, која се одржа во февруари во Абу Даби, присуството на Турција беше невозможно да се пропушти. Огромните павилјони со турски брендови презентираа сè, од оклопни камиони и беспилотни летала до пушки, тактичка опрема и ласерски наведувани проектили“, посочуваат медиумите и го цитираат Алпер Озиблен, претседател на турската одбранбена компанија „Pavo Group“:

„Постои значителна меѓународна побарувачка од Блискиот Исток, од Азија, од Европа. Исто така, во врска со војната, Турција се обидува да направи сѐ што е можно за да ја поддржи Украина со опрема, вклучително и беспилотни летала и копнени платформи. Ова ни покажува дека турските производи се добри и доволно готови за да се користат на боиштата“.

Озиблен и другите турски директори за „CNBC“ потврдија дека имаат тековни или планирани партнерства и договори со Обединетите Арапски Емирати, Катар и други земји од Персискиот залив богати со нафта. Многумина инвестираат многу во развојот на сопствените одбранбени сектори, а некои, како ОАЕ, Саудиска Арабија и Катар, обезбедија значителна финансиска поддршка за секторот во Турција или имаат преземено милијарди долари обврски во форма на трговски договори и инвестиции.

Озиблен ја промовира својата и експертизата на другите турски компании во области како што е криптографијата, која е од суштинско значење за безбедноста на комуникациите на бојното поле, како и електронските потсистеми за беспилотни авиони и копнените платформи.

„Информатичката технологија е главен дел од областа на одбраната и ние се позиционираме во оваа област“, ​​вели тој, што е видливо и од статистиката – активноста за истражување и развој во одбранбениот сектор на Турција е зголемена за 30%, според извештајот на „Atlantic Council“ цитиран од веб-страницата на телевизијата.

Снабдување на НАТО, Украина и пошироко

Иако сојузниците на НАТО се тркаат да ја снабдат Украина со оружје за да се спротивстави на Русија, многу од нив, особено во Европа, всушност немаат свои резерви. Затоа, турските производители на одбранбена опрема се сигурни дека во следните неколку години од таму ќе доаѓаат многу нарачки.

„Војната меѓу Украина и Русија создаде огромна побарувачка, но дури и земјите кои не се вклучени во војната сега складираат. Ние веќе го удвојуваме нашиот производствен капацитет за да можеме да ја задоволиме побарувачката од земјите на НАТО. Сите производители се зафатени уште најмалку пет години“, изјави Емин Енер, претседател на одборот на турската одбранбена компанија „Assan Group“, за „CNBC“.

Според него, неговата компанија е целосно резервирана со нарачки за следните неколку години, а нејзините фабрики работат деноноќно и покрај фактот што „Assan“ моментално не произведува за Украина.

И ова не се однесува само на „Assan Group“. Многу претставници на турскиот одбранбен сектор не испорачуваат оружје на Украина, а оние кои го испорачуваат тоа избегнуваат јавно да го коментираат тоа. Турската влада внимателно балансира меѓу Украина и Русија во нејзиниот обид да дејствува како посредник меѓу двете земји.

Сепак, за Озиблен од „Pavo Group“, обезбедувањето одбранбена опрема од неговата компанија за Украина е извор на гордост.

„Доколку на Украина и треба одредено знаење, знаење за одредени системи, ние им го даваме бесплатно. Ова е еден вид одговорност. Всушност, ова е повеќе од бизнис за нас. Украина е поважна од бизнисот“, рече Озиблен категорично за „CNBC“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП