19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗChevrolet Silverado HD зa 2015-та година

Chevrolet Silverado HD зa 2015-та година

da ti ebem mater

„Chevrolet“ ја претстави новата генерација на моделот „Silverado HD“ кој е дизајниран да биде помоќен, попаметен и посигурен од кога било досега.

„Тешките камионети се алатки за луѓето кои ги користат да влечат тешки приколки и масивен терет“, вели Џеф Луке главниот инженер за развој на овие модели, а компанијата со овој модел сака да им излезе во пресрет на луѓето.

Новите модели за 2015-та година вклучуваат бројни предности. Со нив компанијата сака да го промени новиот стил на екстериер со подобрен проток на воздухот кој овозможува 6.6L „Duramax“ мотор на овој модел во дизел варијантата, односно 6.0L „Vortec“ V8 моторот, подобро да управува со снагата и при тешките оптеретувања и високите температурни средини.

da ti ebem mater1

Возилата добиваат интегрирана контрола на движење, „Auto Grade Braking“ системот за сопирање и „Diesel Exthaus Braking“ кој помага возилата полесно да сопрат кога е потребно. Достапен е и  6.0L V8 bi-fuel мотор кој може да користи бензин или компресиран природен гас.

Овој мотор е достапен во „regular cab“, „crew-cab“ и новата „double-cab“ варијанта кај моделите „Silverado“ 2500 и 3500. Моделите се опремени со целосно нова кабина и ентериер со кои се обезбедува повеќе простор и комфор со екстензивен простор за складирање кој е дизајниран за купувачите во целост да можат да го искористат секој дел на ова возило.

Достапна е и „Chevrolet MyLink“ опцијата за поврзување која обезбедува моќна конективност за работа или семејна забава со иновативна контрола.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП