29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВицегувернерот Бајрами: Еврото има длабоко влијание и надвор од границите на ЕУ

Вицегувернерот Бајрами: Еврото има длабоко влијание и надвор од границите на ЕУ

„Сѐ поголемата меѓународна улога на еврото, вклучувајќи го и неговиот голем придонес за поголема трговска и финансиска интеграција, се чувствува во еврозоната и Eвропската Унија, но и надвор од границите на ЕУ“, пишува вицегувернерот Фадил Бајрами во својот осврт за значењето на европската единствена валута во магазинот „Дипломатски летопис“.

Во текстот, вицегувернерот дава широк приказ од „раѓањето“ на еврото до очекувањата за неговата иднина. Тој се осврнува и на проектот за дигиталното евро, којшто е стратегиски важен за еврозоната и има потенцијал да го зајакне финансискиот и монетарниот суверенитет и да го подобри функционирањето на еврозоната. Бајрами истакнува дека тоа ќе биде привлечно средство за плаќање коешто ќе ги поддржи иновациите во дигитализираната економија, ќе ја надополни готовината, но нема да ја замени.

„ЕУ и натаму работи на зајакнување на меѓународната улога на еврото и на нејзиното приспособување кон новите предизвици, вклучително и брзата дигитализација на економијата и развојот на виртуелните валути. Така што, во јули 2021 година, Управниот совет на ЕЦБ го потврди почнувањето на двегодишната фаза на истражување на проектот за дигиталното евро, којашто има за цел да ги испита можностите за издавање дигитално евро и да ги одговори клучните прашања: како би изгледало дигиталното евро; за што би се користело; и кога би било достапно. Врз основа на наодите од истражувањето, се очекува дека во 2023 година ќе се донесе одлука дали проектот ќе премине во фаза на спроведување. Доколку се донесе успешен заклучок и спроведувањето се одобри, ќе се донесе одлука за издавање дигитално евро што би било достапно за корисниците до крајот на 2025 година, или на почетокот на 2026 година“, пишува Бајрами.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП