5 мај, 2024
ПочетнаСВЕТБер Грилс: Се плашеа дека ќе го отрујам Зеленски со чоколадо(ВИДЕО)

Бер Грилс: Се плашеа дека ќе го отрујам Зеленски со чоколадо(ВИДЕО)

Познатиот авантурист Бер Грилс е обвинет дека се обидел да го отруе украинскиот претседател Володимир Зеленски со чоколадо за време на посетата на Украина, пишува британски „Телеграф“.

Тој му понудил на Зеленски чоколадо за да го скрши мразот за време на нивниот прв состанок минатата година – но, на безбедносниот тим на претседателот тоа не им се допаднало.

Чоколадото било одбиено поради опасност Грилс да се обиде да го убие Зеленски.

„Го разбрав тоа“, изјави Грилс во понеделникот за британската телевизија додека разговараше за својот нов документарен филм на „Канал 4“, „Бер Грилс се среќава со претседателот Зеленски“.

Бер Грилс делел храна со други светски лидери, вклучително и парчиња лосос што ги уловил со поранешниот американски претседател Барак Обама во дивината на Алјаска, пренесе „Блиц.рс“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП