25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Huawei“ може да направи свои чипови од 14 nm

„Huawei“ може да направи свои чипови од 14 nm

Во интервју за кинески медиум, еден од клучните луѓе на „Huawei“ изјави дека тестирањето на гореспоменатите алатки ќе биде завршено оваа година, што може да и овозможи на компанијата самостојно да произведува чипови од 14 nm и поголеми.

Овој револуционерен потег е постигнат во соработка со други кинески компании, а доаѓа пред новата најава за санкции што САД ги подготвуваат за кинеските компании. За потсетување, компаниите за производство на чипови треба да направат планови пред вистинскиот производствен процес, за кој се користи специјален софтвер „EDA“. Трите клучни компании кои произведуваат софтвер за „EDA“ се „Cadence Design“ и „Synopsys“ од САД и „Mentor Graphics“, која е во сопственост на германски „Siemens“. Сите три компании беа под санкции на САД уште во 2020-та година. Кина има свои производители на софтвер „EDA“, но тие не се сметаат за глобално конкурентни.

Чиповите направени во процесот на производство од 14 nm првпат се појавија кај паметните телефони пред повеќе од десет години и сега се три генерации зад водечките производствени технологии. На пример, се очекува дека новиот „Apple A17 Bionic“ чипсет за телефоните од генерацијата „iPhone 15 Pro“ ќе биде првиот што ќе го користи процесот на производство од 3 nm, што е далеку помодерен, економичен и напреден процес од споменатите 14 nm.

Од друга страна, за процесот на производство од 3 nm се потребни посебни „EUV“ машини за „печатење“ на полупроводници, кои денес ги прави само холандската компанија „ASML“, а Холандија и Јапонија неодамна се приклучија на санкциите против Кина.

„Huawei“, компанија која е еден од најголемите добавувачи на телекомуникациската мрежа 5G, е под санкции на САД од 2019-та година, кои го ограничуваат увозот на чипови и купувањето алатки неопходни за нивно производство, како и напреден софтвер во областа на паметни телефони.

Кога стапија на сила санкциите, одделот за дизајн на чипови на „Huawei“ го загуби пристапот до софтверот и ажурирањата што ќе и овозможија да дизајнира процесори во неопходниот производствен процес за своите паметни телефони, како и пристап до напредни производствени алатки во фабриките за чипови. Во меѓувреме, „Huawei“ пласираше различни 4G верзии на модерни чипови, но нивниот оддел за паметни телефони беше силно погоден.

Дали Кина наскоро ќе може да компензира за сето она што и го наметнаа американските санкции, останува отворено за прашање, но напредокот во производствениот процес од 14 nm е секако сериозен чекор напред.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП