Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2022 година, звањето доктор на науки го стекнале 197 лица, што претставува намалување за 2 % во споредба со 2021 година.
Најголем број од лицата, 31.0 %, докторирале во здравството и социјалната заштита, потоа 17.8 % во бизнисот, администрацијата и правото, следат општествените науки, новинарството и информирањето со 10.2 %, уметноста и хуманистичките науки со 9.1 %, а останатите области се со помал процент на застапеност.

