4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААлбанија, Хрватска, Црна Гора и БиХ потпишаа меморандум за финализирање на Трансјадранскиот...

Албанија, Хрватска, Црна Гора и БиХ потпишаа меморандум за финализирање на Трансјадранскиот гасовод

gasovod1

– Министрите за енергетика на Албанија, Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина во Загреб потпишаа меморандум, во кој изразуваат целосна согласност за финализирање на изградбата на Трансјадранскиот гасовод (ТАП).

Меморандумот предвидува четирите земји во следните шест месеци да ги засилат напорите за поврзување на хрватскиот енергетски систем за пренос на природен гас со ТАП преку Црна Гора и Албанија.

Земјите партнери, исто така, планираат да преземат и заеднички иницијативи за да се обезбеди поддршката и од Европската унија.

Следната средба на министрите за енергетика на четирите земји ќе се оддржи во Тирана во првите три месеци од 2014 година. На неа е предвидено да бидат поканети и „стратешкте партнери“ од овие земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП