2 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДали знаете зошто не треба да седите со скрстени нозе?

Дали знаете зошто не треба да седите со скрстени нозе?

Многумина од нас често седат со скрстени нозе. Сепак, оваа навика не е добра за нашето здравје. Експертите по анатомија предупредуваат дека тоа може да биде опасно.

Имено, истражувањата откриле дека ваквиот начин на седење би можел да ја зголеми неусогласеноста на колковите, поради што едниот е повисок од другиот.

Исто така, седењето со прекрстени нозе го успорува протокот на крв во долните делови од телото, што може да доведе до појава на згрутчување на крвта.

Експертите истакнуваат дека седењето со скрстени нозе може да предизвика зголемување на крвниот притисок поради акумулација на крв во вените, што може да ги оштети крвните садови.

Исто така, ако често седиме со скрстени нозе, поголема е веројатноста да имаме долготрајни промени во мускулите и распоредот на коските во карлицата.

Неусогласеноста на ‘рбетот и рамената е уште една причина зошто не треба да седите со скрстени нозе.

Имено, положбата на главата потенцијално може да стане неусогласена поради промените во коските на вратот бидејќи ‘рбетот компензира за да го задржи нашиот центар на гравитација над карлицата.

Сепак, тоа не е се. Седењето со скрстени нозе може да влијае и на вратот бидејќи едната страна е послаба од другата. Оваа нерамнотежа може да се забележи во карличните мускули и долниот дел на грбот како резултат на лошото држење на телото, стресот и напрегањето предизвикани од седењето со скрстени нозе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП