19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТајвански милијардер „измислил“ азиска Нобелова награда

Тајвански милијардер „измислил“ азиска Нобелова награда

pehar1

Тајванскиот милијардер Самуел Јин го најави основањето на наградата Танг, еден вид на азиска Нобелова награда, за придонес во истражувањето на одржливиот развој, био-фармацијата, лингвистиката и правото.

Самуел Јин ќе ја поддржи новата награда со три милијарди тајвански долари, односно 75 милиони евра, со цел да се „поттикне истражувањето кое ќе биде од корист за светот и човештвото, промовирањето на кинеската култура и подобрувањето на светот“.

Наградата Танг ќе се доделува на секои две години, започнувајќи од 2014 година.

Секој добитник ќе добие чек од 50 милиони тајвански долари, односно 1,25 милиони евра, што е повеќе од 922.000 евра, сума која ја добиваат Нобеловците.

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП