26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Seat“ нема да произведува електрични автомобили, барем не сè уште

„Seat“ нема да произведува електрични автомобили, барем не сè уште

Лансирањето на електрични возила за „Seat“ не е планирано најмалку до 2026-та година, додека „Cupra“ е приоритет во однос на електрификацијата, изјави извршниот директор на двете марки Вејн Грифитс на годишната прес-конференција во Барселона.

Според Грифитс, новите електрични автомобили се за „Cupra“ бидејќи е тешко да се електрифицираат двете марки истовремено. Многу логично е тоа што се надополнуваат додека се на пазарот во исто време, особено во оваа преодна фаза, додава директорот.

Оваа стратегија значи дека „Seat“ нема да има ниту еден модел на електричен автомобил во својата гама неколку години, за разлика од огромното мнозинство на неговите конкуренти. Наместо тоа, шпанската марка, во сопственост на групацијата „Folkswagen“, ќе се фокусира на својата постојна палета на автомобили со „CNG“ и понуди за микромобилност што користат електрични погонски единици.

Зборувајќи за микромобилноста, тоа е надградба на електричниот скутер „Seat Mo“, на кој во иднина ќе му се придружи електрична варијанта на четири тркала која беше претставена со концептот „Seat Minimo“ во 2019-та година пред моделот да биде ставен на пазарот поради пандемијата со Ковид-19. Целта е да се натпреварува со „Citroen Ami“ и „Renault Mobilize Duo“.

„Cupra“ го нуди компактниот електричен „Born“. Марката ќе ја прошири својата палета на електрични возила со додавање на кросоверот „Tavascan“ во 2024-та година и помал хечбек во 2025-та година, сериска верзија на концептот „Urban Rebel“. Сите три споделуваат слични модели од „Volkswagen“, „Audi“ и „Skoda“. Очигледно, беше проценето дека нема смисла „VW Group“ да лансира слични понуди од „Seat“, бидејќи тие потенцијално би можеле да ја намалат продажбата на поскапиот и профитабилен модел „Cupra“.

„Cupra“ ги објави своите најдобри резултати откако во 2022-ра година беа продадени 152.900 автомобили – речиси двојно повеќе од сите продажби во првите четири години на марката.

Ова и помогна на матичната компанија „Seat SA“ да забележи оперативен профит од 179 милиони евра и обрт од 10,5 милијарди евра, што беше профитабилно за прв пат од 2019-та година и втор по големина во 73-годишната историја на компанијата.

Компанијата минатата година успеа да произведе нешто помалку од 480.000 автомобили вкупно. Во првите два месеци од 2023-та година, „Seat“ забележа 71.500 продажби, што е раст од 27% на годишно ниво, вклучувајќи 12% раст за „Seat“ и 75% за „Cupra“.

„Cupra“, за која Грифитс рече дека се очекува да сочинува околу половина од вкупната продажба на групацијата во оваа година, има таргетирање на 500.000 продажби годишно на среден рок бидејќи планира да стане еден од „топ 100 светски брендови до 2030-та година“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП