19 април, 2025
ПочетнаСВЕТМедведев: „Украинци, размислете дали сакате да ја отворите Пандорината кутија“

Медведев: „Украинци, размислете дали сакате да ја отворите Пандорината кутија“

Обидот на Киев да го врати Крим ќе биде причина Русија да употреби какво било оружје, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев.

Ако зборуваме за некои сериозни офанзиви поврзани со обидот за повторно заземање на Крим, апсолутно е јасно дека тоа е причината за користење на сите средства за заштита, вклучително и оние предвидени со доктрината за нуклеарно одвраќање, рече Медведев во интервју за руските медиуми.

Тој посочи дека е очигледно дека има причина за употреба на какво било оружје.

„Апсолутно било кое. И се надевам дека нашите пријатели преку океанот го разбираат тоа, додаде Медведев, пренесува РИА Новости.

Медведев тврди дека Киев се подготвува за офанзивни операции и додава дека Русија го знае тоа и дека рускиот Генералштаб подготвува одговор.

Медведев, исто така, ги повика Украинците да размислат дали сакаат да ја отворат Пандорината кутија, користејќи гранати со осиромашен ураниум.

„Мислам дека во овој момент луѓето кои останаа во државата Украина размислуваат дали сакаат да се користи такво оружје. Тие се оние кои ја отвораат Пандорината кутија. Тие го прават тоа, а не обратно, рече тој.

Тој исто така рече дека иако таквата муниција не е класифицирана како нуклеарно оружје, сепак може да создаде нуклеарен отпад. Медведев укажа на искуството од нивната претходна употреба за време на инвазијата на НАТО на Југославија во 1999 година.

„Засега нема конечни проценки и тоа оружје не е забрането. Но, долгорочните последици можат да бидат многу тешки, бидејќи граѓаните на Србија, жители на поранешна Југославија, сега бележат значителен пораст на канцерогени заболувања на нивната територија“, рече тој.

Според него, јадрото со осиромашен ураниум во тие проектили исклучително добро продира во оклопот на тенковите. „Но, проблемот е што тој сè уште создава нуклеарен отпад, а ние немаме информации што точно би покажале колку е опасно“, посочи Медведев.

Тој се запраша зошто се нарекува осиромашен ураниум и изјави дека тоа е затоа што е помалку радиоактивен од другите изотопи. „Но, сè уште е радиоактивен, сè уште произведува радиоактивен отпад“, додаде Медведев.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП