5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСе гради најголемата соларна електрана

Се гради најголемата соларна електрана

solarnaelekrana1

Француската компанија „Total “ и швајцарската компанија „Salvador“ ќе ја изградат најголемата електрана во светот, пренесуваат медиумите.

Француската нафтена компанија „Total“ објави дека заедно со швајцарската компанија „Etrion Corporation“ ќе го реализираат проектот „Salvador“ кој подразбира изградба на најголемата соларна електрана во светот, во регионот на Атакама, Чиле.

Како што пренесува францускиот весник Капитал, оваа електрана ќе завзема површина од 133 хектари, а годишното производство ќе изнесува околу 200 гигават часови.

Што се однесува до сопственичката структура, швајцарскиот „Etrion“,специјализиран за соларна енергија, ќе има 70 проценти од уделот во капиталот, „Total“ 20 проценти, а 10 проценти компанијата од Чиле „Solventus Energias Renovables“.

Трошоците за проектот се проценети на околу 200 милиони долари.

Во соопштението се наведува дека проектот „Salvador“ претставува важна етапа во експлоатацијата на соларна енергија во светот и дека ќе потврди дека сончевата енергија претставува одржлив извор на енергија во Чиле, со оглед на бројот на сончеви денови, како и исплатливоста на нејзината екплоатација, со оглед на високата цена на електричната енергија во таа земја.

Работите за изградба на оваа електрана би требало да започнат во текот на четвртиот квартал од тековната година, а почетокот на експлоатацијата е планиран за првиот квартал од 2015 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП