18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКолкава дивиденда планира да исплати РЕПЛЕК АД Скопје за 2022 година

Колкава дивиденда планира да исплати РЕПЛЕК АД Скопје за 2022 година

Друштвото за медицинско снабдување увоз-извоз РЕПЛЕК АД Скопје закажа Годишно собрание кое ќе се одржи на ден 26.04.2023 година (среда) со почеток во 10:00 часот во деловните простории на Друштвото.

Според предлог-одлуката, добивката по оданочување за 2022 година во износ од 59.666.184,00 денари ќе ја распредели:

-исплата на дивиденда во нето износ од 1.800 денари по акција, односно бруто износ од
2.000 денари по акција или вкупен бруто износ од 49.418.000 денари

-во акумулирана добивка 10.248.184 денари

Дивидендата ќе биде исплатена во готово на трансакциските сметки на акционерите.

Последен датум за тргување со право на дивиденда за 2022 година е 05.05.2023 година.

Прв датум за тргување без право на дивиденда за 2022 година е 08.05.2023 година.

Датум на стекнување на право на дивиденда за 2022 година е 09.05.2023 година.

Исплата на дивидендата за 2022 година ќе започне од 15.06.2023 година.

Одлуката влегува во сила со денот на донесувањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП