2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСпецијален буџет за еврозоната?

Специјален буџет за еврозоната?

evro1

Висок официјален претставник на Европската централна банка (ЕЦБ), Јерг Асмусен, предложи формирање на специјален буџет за земјите од еврозоната.

Овој буџет, според неговите зборови, ќе им помогне на земјите членки погодени од криза да ги финансираат реформите кои се неопходни за да ги доведат во нормала своите економии, пренесува агенцијата Франс прес.

Оживувајќи ја оваа идеја, која прв пат во декември минатата година ја претстави претседателот на ЕУ Херман Ван Ромпеј, Асмусен изјави дека околу 15-20 милијарди евра би можеле да бидат оставени настрана, заради ублажување на финансискиот терет на одделни болни реформи.

„Во замена за тоа, би можеле да постојат обврзувачки договори кои би утврдувале кои реформи мора да бидат спроведени од страна на земјата во одреден временски рок. Земјите членки најпрово ќе уплатуваат средства во овој фонд, но гледано на подолг рок, ќе мора да размислиме на кој начин би го финансирале“, изјави Асмусен на конференцијата во Берлин и ги повика земјите членки да размислат за формирањето на Собрание на еврозоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП