9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБанката на Шпанија го гледа крајот на рецесијата

Банката на Шпанија го гледа крајот на рецесијата

bankashpanija1

Шпанската двегодишна тешка рецесија, според оценката на централната банка во Мадрид, е на самиот крај, а почетокот на економското закрепнување, според банката, ќе се покаже во тековниот квартал.

Економската криза која доведе до раст на невработеноста на 26,26 проценти, е со намален интензитет од почетокот на годината, наведува Банката на Шпанија во својот месечен извештај, пренесува агенцијата Франс прес.

„Достапните податоци, кои сеуште не се комплетни, укажуваат на стабилизација, а можеби и благ раст на бруто домашниот производ (БДП) во последните три месеци заклучно со септември“, наведе банката.

Темпото на пад на активностите во бројни сектори од шпанската економија забави, додава банката, укажувајќи на растот на довербата во домаќинствата и малопродажбата, како и поврат на растот во производствениот сектор. Невработеноста, исто така бележи пад, но со бавно темпо.

Шпанскиот премиер Маријано Рахој изјави дека сака да ја зголеми прогнозата за економскиот раст за 2014 година на 0,7 проценти од 0,5 проценти. Тој изјави дека во третиот квартал очекува раст на БДП од 0,1 до 0,2 проценти.

„Шпанија излезе од рецесија, но не и од кризата. Сега главна задача е да се оствари силно закрепнување кое ќе овозможи зголемување на вработеноста“, изјави тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП