20 април, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈААгелар: Ние инвестираме во антикорупцијата во Македонија, но напредокот не е доволен

Агелар: Ние инвестираме во антикорупцијата во Македонија, но напредокот не е доволен

Нема голем напредок во антикорупцијата во Северна Македонија и Западен Балкан, оцени американската амбасадорка во земјата, Анџела Агелар, на денешниот форум за жени посветен на доброто владеење и антикорупцијата.

Во обраќањето таа рече дека САД имаат значителни инвестиции во борбата против корупцијата бидејќи тоа е во најдобар интерес, но повратот на нивната инвестиција досега не бил многу висок.

Според амбасадорката, потребно е повисоко ниво на учество на жените во донесувањето одлуки за помирна и постабилна демократија.

„Зголемувањето на политичката ангажираност на жените ја намалува можноста за конфликти. Кога велам учество, мислам на лидерство, не само да седи на масата, туку да биде на чело на неа“, рече амбасадорката.

Претходно неделава, Стејт департментот во годишниот извештај за напредокот на Македонија нотира владина корупција. Во извештајот се посочува дека Владата презела чекори за идентификување, истрага, кривично гонење и казнување на функционерите што извршиле злоупотреба или учествувале во корупција, но и во 2022 година постојат извештаи за функционери што подлежат на коруптивни дејства.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП