1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИФолксваген ги претекнува Јапонците во Кина

Фолксваген ги претекнува Јапонците во Кина

golfce

Најголемиот европски производител на автомобили Фолксваген, планира двојно да ги зголеми производните капацитети во својата нова фабрика во Фошан во јужна Кина.

Со ова компанијата сака да ја спречи доминацијата на јапонските производители во овој регион.

Како што пренесуваат медиумите, фабриката во Фошан има капацитет од 300.000 возила годишно, а Фолксваген со неа управува во посредство на кинеската компанија Фо Груп со која преговра за зголемување на капиталното учетсво со актуелните 40 на 50 проценти.

Во новата фабрика неодамна е започнато производството на новата генерација на Голф.

Според зборовите на одговорните лица од компанијата за овој регион, Фолксваген во Кина развива стратегија за раст кон западот и југот на земјата.

Проектот за експаназија на производството во Фошан е дел од договорот кој е потпишан во мај и кој предвидува зголемување на производството на 600.000 возила годишно со инвестиција од 15.3 милијарди јуани (1.85 милијарди евра).

Уделот на Фолксваген на јужно-кинескиот пазар е зголемен на 13.6 проценти во првата половина од 2013-та година со 11.9 проценти колку изнесуваше во истиот период во претходната година.

Учеството на јапонските марки на овој пазар (Тојота, Хонда и Нисан) во првото полугодие изнесуваше од 23.9 до 29.8 проценти.

Планот на Фолксваген е своите годишни капацитети во Кина да ги зголеми на четири милиони возила до 2018-та година. Минатата година продажбата на кинескиот пазар порасна за 18.5 проценти на 2.6 милиони возила.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП