28 март, 2024
ПочетнаСВЕТСеверна Кореја: Околу 800.000 наши граѓани доброволно би се пријавиле во војна...

Северна Кореја: Околу 800.000 наши граѓани доброволно би се пријавиле во војна против САД

Северна Кореја тврди дека околу 800.000 нејзини граѓани доброволно ќе се приклучат на армијата за да се борат против САД, објави во петокот државниот весник.

Само во петокот, околу 800.000 студенти и работници изразија желба да се пријават во армијата за да се одбранат од САД, пишува весникот Родонг Синмун.

Соопштението дојде откако Северна Кореја во четвртокот лансираше интерконтинентална балистичка ракета Хвасонг-17 како одговор на американско-јужнокорејските воени вежби.

Севернокорејските балистички ракети се забранети со резолуции на Советот за безбедност на ОН, а последното лансирање беше осудено од владите во Сеул, Вашингтон и Токио.

Јужнокорејските и американските трупи во понеделникот започнаа 11-дневни вежби „Штитот на слободата 23“ на размери што не се забележани од 2017 година. Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун ги обвини САД и Јужна Кореја за зголемување на тензиите со воените вежби.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП