26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБАЈДЕН ГО ПОВИКА КОНГРЕСОТ: Дајте им на регулаторите поголема моќ над банките

БАЈДЕН ГО ПОВИКА КОНГРЕСОТ: Дајте им на регулаторите поголема моќ над банките

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска го повика американскиот Конгрес да им даде на регулаторите на банките поголеми овластувања над банкарскиот сектор, што, меѓу другото, подразбира и поголеми казни за шефовите на пропаднатите банки.

– Никој не е над законот, рече Бајден во соопштението од Белата куќа, додавајќи дека „зголемувањето на одговорноста“ е важно и претставува спречување на лошо управување во иднина, пренесува Ројтерс.

Федералната корпорација за осигурување на депозити (FDIC) треба да има поголеми овластувања од Конгресот да бара компензација од шефовите на пропаднатите банки, како што се Silicon Valley Bank и Signature Bank, додаде Белата куќа во друго денешно соопштение.

FDIC треба да им забрани на шефовите на пропаднатите банки понатамошно вклучување во банкарскиот сектор кога нивната банка ќе банкротира и да ги казни менаџерите на таквите банки, се заклучува во друго соопштение.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП