23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономски раст на Британија од 0,7 проценти

Економски раст на Британија од 0,7 проценти

velikabiranija1

Економијата на Британија во вториот квартал се зголеми за 0,7 проценти, во однос на првите три месеци од оваа година, покажуваат официјалните податоци кои беа објавени денес, потврдувајќи ја претходната проценка.

Бруто домашниот производ (БДП), вкупната вредност на стоката и услугите произведени во економијата, се зголемиле во првиот квартал од оваа година за 0,4 проценти, а не за 0,3 проценти како што првично се мислеше, соопшти британскиот Завод за статистика, откако ги ревидираше претходните податоци, пренесува агенцијата Франс прес.

БДП во вториот квартал од оваа година пораснал за 1,3 проценти на годишно ниво, се вели во соопштението на Заводот за статистика во Лондон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП