20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИApple плаќа 3,3 милиони долари за прекршување патент

Apple плаќа 3,3 милиони долари за прекршување патент

ipod

Технолошкиот гигант „Apple“ треба да плати отштета од 330 милиони јени (околу 3,3 милиони долари) на јапонскиот инженер Норихико Сато, а ова го пресуди јапонскиот суд.

Пронаоѓачот докажал дека американската компанија илегално ја користела негова патентирана технологија при голем број на модели на дигиталниот музички плеер „iPod“.

Станува збор за кружниот универзален прекинувач кој овозможува само со една рака брзо да се избира меѓу снимените песни.

Јапонскиот инженер претстави документи како доказ дека уште во 1998-та година тој ја патентирал соодветната технологија. Адвокатите на „Apple“ тврдеа дека корпорацијата имала сопствени патенти регистрирани уште од порано.

Судот сепак не ги усвои аргументите на концернот. Пронаоѓачот Сато побара отштета од 10 милијарди јени (околу 100 милиони долари), но претензиите му беа дефинирани како премногу големи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП