16 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНовиот Eucerin Hyaluron-Filler: Ноќната нега која ви е потребна за хидрирана кожа

Новиот Eucerin Hyaluron-Filler: Ноќната нега која ви е потребна за хидрирана кожа

Разбудете се со ново чувство на свежина на кожата, благодарение на Eucerin Hyaluron Filler +3x Effect Moisture Booster Night. Овој ултралесен и освежувачки гел за ноќна нега ја обезбедува потребната хидратација на кожата, ги измазнува линиите и брчките на лицето и активно ја регенерира кожата во текот на ноќта.

Иновативната формула комбинира два високо концентрирани типа на хијалуронска киселина со глицерин. Токму поради комбинацијата со глицерин, овој производ нуди одлична хидратација на кожата и значително ја зголемува влажноста.

Провитаминот Б5 активно ја регенерира и ја зајакнува кожата во текот на ноќта, додека витаминот Е ја ослободува кожата од оксидативен стрес. Овие супстанци се произведуваат и природно од кожата за да ја одржуваат навлажнета, но како дел од формулата на Eucerin, тие работат како магнети за влага што ја надополнуваат кожата со моментална и интензивна влажност дури и до 72 часа. На кожата веќе по 18-тата години се појавуваат првите линии и брчки, кај некого порано, кај друг покасно. Еуцерин е медицинска козметика која решава одредена состојба независно од годините, и секоја индивидуа зависно од состојбата одлучува од кога треба да почне со користење на одреден производ.

Eucerin Hyaluron-Filler Moisture Booster ноќната нега е клинички и дерматолошки тестирана и докажано дава одлични резултати. Ноќната крема е погодна за сите типови кожа, вклучувајќи ја и чувствителната кожа. Нанесувајте ја навечер, на измиено лице, со нежно масирање на површината на кожата. Идеално е ако се комбинира со дневната хидратантна крема.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП