2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТанер: Турција може да почне со истражувања за нафта и гас во...

Танер: Турција може да почне со истражувања за нафта и гас во близина на Кипар

north-cyprus1

Турција може да почне со истражувања за нафта и гас во регионот на Кипар, изјави турскиот министер за енергетика Танер Јилдиз, нагласувајќи дека тоа може да се случи за три недели, ако премиерот Реџеп Тајип Ердоган даде одобрение.

Како што објави весникот „Хуриет дејли њуз“, Танер во интервју за турската приватна телевизија А Хабер истакна дека бродот за сеизмолошки истражувања „Барбарос Хајретин Паша“, кој сега се наоѓа во реонот на турските градови Мерсин, Искендерун и Анталија, може да отплови во ексклузивната економска зона на Кипар.

Танер нагласи дека постои можност Турција да набави уште еден брод во зависност од работата.

Турција остро се противи на истражувањата на меѓународно признатата Република Кипар во Средоземното Море, означувајќи ги овие дејствија како незаконски, поради што започна самостојни изпитувања по крајбрежјето на Северен Кипар. Според турската Влада, сите резултати од истражувањата крај осторвот треба да бидат поделени меѓу кипарските Турци и Грци.

Анкара, исто така, ги предупреди меѓународните компании кои работат на истражувањата на нафта и гас во Кипар, дека може во иднина да бидат исклучени од енергетски инвестиции во Турција. Во март земјата одлучи да ги суспендира енергетските проекти со италијанската „Ени“, поради нејзиното учество во истражувањата крај Кипар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП