13 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАВашите вработени треба да бидат среќни... Еве зошто

Вашите вработени треба да бидат среќни… Еве зошто

happyworkers1

Доколку имате свој бизнис, треба да знаете дека расположението на Вашите вработени има големо влијание врз Вашиот бизнис успех. Едно истражување од 2011 од Универзитетот во Канзас покажа дека вработените коишто се среќни со работното место, имаат поголем процент на успешност на работното место. Исто така, беше заклучено дека среќните работници имаат за 10% повеќе успех во споредба со оние коишто не се среќни со својата работа.

Доколку барате начини како да ги направите посреќни, а со тоа и попродуктивни Вашите вработени, тогаш погледнете ги следните совети:

– Користете го Вашето срце

Доколку имате разбирање за потребите на Вашите вработени, и тие ќе ви возвратат на ист начин. Малку харизма, на никого нема да му пречи.

– Играј според правилата

Дури и кога сте шеф, доцнење и однесување дека сте над законот е вистински начин да ги разочарате Вашите вработени, посебно ако тие мораат да ги следат правилата.

– Направете традиции

Имањето месечни или неделни традиции навистина помага вработените да се чувствуваат како дел од заедницата.

– Оставањето на рачно напишани пораки сеуште функционира

Иако звучи застарено, оставањето на напишани пораки на Вашите вработени помага во градење на топлина. Потрудете се да ги запаметите родендените на Вашите вработени, како и барем дел од нивните лични животи. Честитањето на родендените на Вашите вработени ќе ги натера вработените да се чувствуваат вредно, што ќе ги направи посреќни.

– Оставете простор за забава

Во ред е да поминете неколку часа во забава и игри. Понекогаш може да организирате и да посветите цел еден ден на играње друштвени игри. Ова ќе им помогне на Вашите вработени да се ослободат од стресот. Работата не треба секогаш да биде стресна, понекогаш навистина е потребна забава за време на долгиот работен ден.

– Дадете им можност на вработените да контролираат

Креирањето на организациска кулутра не е само задача на шефовите. Сметајте на вклучување на вработените, можеби некој би можел да ја води играта на знаење, а некој друг би можел да ја уреди собата за одмор во покомфорно место за одморање. Ова на Вашите вработени би им дала чувство на припаѓање.

– Креирањето цел е навистина важно

Луѓето сакаат да чувствуваат дека и тие се дел од целта. Бидете сигурно дека вие им давате на Вашите вработени информации за развојот за нивната кариера, и за кариерата на компанијата. Вие навистина работите заедно за да стигнете некаде. Кажете им на Вашите вработени дека нивната работа навистина се исплати.

– Признајте совршеност

Размислете дали вие ги наградувате Вашите вработени кога тие ќе завршат супер работа. Кога некој ќе ја заврши одлично работата Вие немора финансиски да ги наградувате, само добра пофалба е доволна за да му покажете на некој дека го цените.

– Чесно компензирајте

Не го земајте целиот профит за себе. Доколку овој месец сте оствариле рекорд во продажба, бидете сигурни дека чесно сте ги распределиле добивките. Една од најбрзите начини како да го демотивирате работникот, е да му платите помалку отколку што вреди. А една од најбрзите начини како да го мотивирате е да му дадете бонус!

– Слушајте

Дајте им на Вашите вработени право на глас. Без разлика колку добар менаџер сте, и вие можете да направите грешка. Бидете сигурни дека им давате простор на Вашите вработени да зборуваат, ова е начин вие да ги решите проблемите кога ќе се појават, и нема да дозволите да ви се натрупаат проблеми.

Среќните вработени се продуктивни вработени, а продуктивни вработени носат профит. Кога работите за да изградите успешен бизнис, вие треба да работите и да изградите пријатна атмосфера за Вашите вработени. Бидете сигурни дека тоа ќе Ви се исплати еден ден!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП