3 мај, 2024
ПочетнаСВЕТСАД објавија видео од ударот на рускиот авион во американскиот дрон(ВИДЕО)

САД објавија видео од ударот на рускиот авион во американскиот дрон(ВИДЕО)

Пентагон објави краток видео клип на кој е прикажан инцидентот на 14 март над Црното Море со руски борбен авион Су-27 и американски извидувачки дрон.

Американската војска објави видео од моментот кога руско воено беспилотно летало удрило во американското беспилотно летало, кое подоцна морало да биде соборено во Црното Море.

Би-Би-Си наведува дека американската војска објавила мал дел од инцидентот, а медиумите не ги виделе настаните пред и потоа.

Американски дрон беше соборен во Црното Море по блиска средба со два руски авиони Су-27 на 14 март. Пентагон тврди дека дронот бил соборен откако руски борбен авион прелетал пред него и истурил гориво, предизвикувајќи оштетување на пропелерот.

Русија негира дека нејзините авиони имале било каков контакт со дронот и наведува дека до падот дошло поради ненадеен маневар. Москва тврди дека дронот вршел извидување за Украина и дека летал во правец на Крим.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП