вторник, 12 декември 2023
ПочетнаАВТОБИЗ„Nissan“ сака да биде првиот што ќе ја изедначи цената на електричните...

„Nissan“ сака да биде првиот што ќе ја изедначи цената на електричните и бензинските автомобили (ВИДЕО)

„Nissan“ вели дека ќе ги изедначи цените на своите хибриди и модели со мотори со внатрешно согорување веќе во 2026-та година. Тоа е дел од новиот пристап на „Nissan X-in-1“ за споделување компоненти помеѓу електричните и хибридните модели „e-Power“.

Велат дека овој пристап ќе ги намали трошоците за развој и производство за 30 отсто до 2026-та година во однос на 2019-та година.

Покрај изедначувањето на цената на хибридите, „Nissan“ очекува дека овој пристап ќе ги намали цените на електричните модели, доволно за да се изедначи со моделите со мотори со внатрешно согорување. А тоа, според јапонскиот производител, ќе се случи веќе во 2030-та година.

Новиот пристап исто така има за цел да ја намали употребата на дефицитарни суровини на 1%, како и големината и тежината на погонските системи. Исто така, бучавата и вибрациите на погонот ќе бидат сведени на минимум.

„Nissan“ развива два посебни погонски системи. За електричните возила се работи на модул 3-во-1, кој ги интегрира моторот, редукторот и инверторот во едно куќиште. За e-power хибридите, обезбеден е модул 5-во-1, кој вклучува дополнителни компоненти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП