28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДенови на македонскиот мед по девети пат во Скопје

Денови на македонскиот мед по девети пат во Скопје

med

Производители на мед од цела Македонија од денеска до сабота учествуваат на деветото издание на „Денови на македонскиот мед“ што се одржува на ул. „Македонија“ во Скопје.

На 30-те штандови посетителите може да дегустираат и да купат пчелни производи, како и да добијат и едукативен материјал.

Организатори на манифестацијата се здружението „Матица“ и Федерацијата на фармери на Република Македонија, под покровителство на Општина Центар.

Манифестацијата денеска официјално ја отворија заменик-министерот за земјоделстсво, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски и градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски.

Заменик-министерот Коњановски потенцира дека во Македонија има 108.000 пчелни семејства и дека поддршката на пчеларите ќе продолжи, а од нив се бара да произведат квалитетен мед. Во 2006 година во земјава, како што рече, имало 57.000 пчелни семејства.

Градоначалникот Жерновски истакнувајќи ја важноста на медот, порача до присутните да го вкусат прекрасниот мед и дома да понесат од овој корисен производ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП