20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПиштолот на Капетан Кук на аукција

Пиштолот на Капетан Кук на аукција

O

Пиштолот на британскиот истражувач капетанот Џејмс Кук, кој пред два ипол века со Велика Британија ја освоил Австралија, во февруари ќе биде понуден на аукција во Мелбурн.

Месинганиот пиштол „Continental Flintlock“од почетокот на 18-ти век е изработен од страна на холандскиот производител Годефрои Корбау Ле Јауне. Се очекува дека на аукцијата што ќе се одржи на 14-ти февруари, тој ќе постигне цена од 100 до 200 илјади американски долари.

Тој пиштол е еден од ретките лични предмети на познатиот истражувач, тој е пренесуван од генерација на генерација во семејството на Кук и претставува симбол на односот на Кук и Австралија.

-Имаме делови од неговиот брод и уште неколку детали, но морските капетани не собираат ништо, и затоа во овој случај малку работи се вратени на семејството.

Овој пиштол со тестамент бил оставен на неговата сестра и затоа со генерации останал во семејството.

Не е познато дали Кук го носел овој пиштол кога прв пат стапнал на австралиската почва, но се чини дека не е премногу користен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП