25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДоаѓа електричен теренец на „Lamborghini“

Доаѓа електричен теренец на „Lamborghini“

Извршниот директор на „Lamborghini“, Стефан Винкелман, на медиумите им откри детали за иднината на брендот и неговите планови за електрификација, пишува „Autoblog“.

Најпрво, беше потврдено дека електричниот наследник на „Urus“ ќе излезе во продажба во 2029-та година. „Lamborghini“ претходно ги изнесе општите планови за негово преминување во електрична иднина, но без да открие повеќе детали. Годинава ќе претстават хибриден суперавтомобил, а тоа всушност ќе се случи кон крајот на месецов кога „Lamborghini“ ќе го претстави наследникот на „Aventador“.

Исто така, компанијата сака да има целосно електрифициран опсег до 2025-та година.

Во текот на 2028-та година, првото целосно електрично „Lamborghini“ ќе се појави на сцената во форма на супер гранд турер 2+2. Тоа значи дека електричниот автомобил кој ќе го замени сегашниот „Urus“ ќе биде второто електрично „Lamborghini“.

Винкелман во разговор со новинарите рече дека во 28-ма и во 29-та година да ги имаат првите два BEV… „Ќе имаме четврти модел, додека денес имаме три модели. Тоа ќе биде првиот целосно EV автомобил во 2028-ма година. А потоа новиот „Urus“ ќе пристигне во 2029-та година“, рече Винкелман.

Овој потег значи дека последните две „Lamborghini“ кои ќе бидат целосно електрични ќе бидат двете линии на брендот кои најмногу се фокусираат на перформансите. Додека го чекаме наследникот на „Aventador“, Винкелман исто така потврди дека замената за „Huracan“ навистина ќе биде „plug-in“ хибрид.

Покрај тоа, „Lamborghini“ веќе тестира и „plug-in“ хибридна верзија на актуелниот „Urus“.

Сите овие потези ќе му помогнат на „Lamborghini“ да ја постигне својата цел за драстично намалување на емисијата на издувни гасови. Винкелман конкретно истакна дека двете електрични возила ќе помогнат да се намалат емисиите за околу 80 проценти во споредба со она што го произведува денес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП