28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСПРЕЧЕТЕ ЈА АТЕРОСКЛЕРОЗАТА: Пет најефикасни средства за чистење на крвните садови

СПРЕЧЕТЕ ЈА АТЕРОСКЛЕРОЗАТА: Пет најефикасни средства за чистење на крвните садови

Акумулацијата на масти и камчиња на ѕидовите на крвните садови може сериозно да го наруши здравјето.

Наслагите на плаките внатре во ѕидовите на артеријата го ограничуваат протокот на крв, спречувајќи хранливите материи и кислородот да стигнат до сите делови на телото, предизвикувајќи сериозни оштетувања и дисфункција на органите.

Идеално е да се спречи создавањето на наслаги на ѕидовите на крвните садови, но добро е и кога овој процес ќе се прекине. Со цел вашите крвни садови да останат што е можно попроодни и еластични, овие пет намирници можат да помогнат:

Лук

Лукот е еден од најдобрите природни лекови за чистење на крвните садови. Неговите состојки ги прошируваат крвните садови и ја зголемуваат циркулацијата на крвта, што го прави еден од најдобрите природни лекови за чистење на крвните садови.

Лукот го намалува и нивото на лошиот холестерол, како и ризикот од мозочен и срцев удар. Покрај тоа, лукот е познат како најдобар природен антибиотик, кој го подобрува вкусот на храната.

Ефективноста на лукот за намалување на развојот на артеросклероза и хипертензија е научно потврдена.

Лимон

Сокот од лимон е богат со витамин Ц, кој го подобрува крвниот притисок и го намалува воспалението на артериите. Понатаму, лимонот го намалува нивото на холестерол во крвта и го спречува оксидативното оштетување на крвотокот, заштитувајќи ги крвните садови. Покрај витаминот Ц, лимонот содржи и други антиоксиданси и хранливи материи како витамин Б-комплекс, витамин Е и многу минерали: калиум, магнезиум, фосфор, бакар, калциум, цинк, манган и железо.

Додадете сок од еден лимон, малку црн пипер во прав и мед во чаша топла вода. Пијте ја оваа смеса еднаш или два пати на ден неколку недели.

Ѓумбир

Соединенијата во ѓумбирот – шогаол и гинџерол – позитивно влијаат на кардиоваскуларниот систем. Ѓумбирот го намалува вкупниот холестерол и ја блокира оксидацијата на лошиот холестерол, а со тоа го спречува создавањето на наслаги или ги намалува постојните.

Додадете една лажичка рендан ѓумбир во топла вода за да направите чај. Можете да додадете и малку мед за да добиете подобар вкус.

Ленено семе

Изобилството на алфа-линоленска киселина (АЛА) во лененото семе го намалува воспалението и крвниот притисок, ги прочистува артериите и го зголемува целокупното здравје на срцето. Лененото семе содржи влакна кои се врзуваат со лошиот холестерол и помагаат за чистење на крвните садови.

За да помогнете во чистењето на затнатите артерии, консумирајте две до четири лажици ленено семе дневно.

Калинка

Богатството на антиоксидантни фитохемикалии во калинката ги штити крвните садови од оксидативно оштетување што предизвикува таложење на наслаги и згрутчување на крвта во артериите. Ова овошје го стимулира производството на азотен оксид во крвта, кој помага да се отворат артериите и да се регулира крвниот притисок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП