Дали знаевте дека празнењето на цревата може да ви каже многу за вашето цревно и колоректално здравје? Иако многумина знаат да го игнорираат изгледот и бојата на столицата, нејзината конзистентност, зачестеноста на празнење на цревата и сите други симптоми поврзани со варењето, сето тоа може да бидат предупредувачки знаци за рак на дебелото црево.
Како што објави India Times, постојат неколку промени во варењето кои можат да сигнализираат за овој тип на рак. Доколку сте еден од оние кои неодамна доживеале промени во празнењето на цревата – како запек или болки во стомакот – се препорачува по никоја цена да не ги игнорирате ваквите симптоми, туку да посетите лекар.

