3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНокиа следниот месец ќе претстави шест нови уреди

Нокиа следниот месец ќе претстави шест нови уреди

nokimicro

Нокиа подготвува поголем настан на кој се очекува да претстави шест нови уреди. Ова ќе се случи на 22-ри октомври во Абу Даби, соопштува електронското издание на „The Verge“.

Извори од компанијата го потврдуваат тоа и дека тогаш ќе покажат најмалку два нови паметни телефони. Се очекува еден од нив да биде 6-инчниот „Lumia 1520“ со кодното име „Bandit“.

Не се исклучува и можноста Нокиа да влезе и во сегментот на таблетите. Веќе некое време се појавуваат информации дека скоро е готов сличен уред кој ќе се нарекува „Lumia 2520“ кој ќе работи на „Windows RT“. Така, Нокиа практично ќе биде единствената компанија од Мајкрософт која нуди „Windows RT“ уред, и по најавите дека „Dell“ ќе започне со производство на својот таблет со овој оперативен систем.

Нокиа ќе ја прошири и гамата на додатоци за мобилните уреди. Во моментов не постојат особено многу информации во врска со тоа што ќе е тоа, но според зборовите на анонимните извори барем еден од нив ќе биде „многу посебен“.Компанијата обрнува големо внимание на доковите, звучници и додатоци за безжично полнење на мобилните уреди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП