3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКако да се преполови бројот на сиромашните луѓе?

Како да се преполови бројот на сиромашните луѓе?

siromashtija3

Уште 2,5 милијарди долари ќе бидат инвестирани со цел да бидат остварени Милениумските цели на Обединетите Нации до 2015 година да се преполови бројот на екстремно сиромашните луѓе во светот.

Генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки Мун на министерскиот состанок на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк, изјави дека изгледите да се намали бројот на сиромашните се разликува од земја во земја и потсети дека повеќе од една милијарда луѓе во светот имаат само по 1,25 долари дневно.

Генералниот секретар на ОН изјави дека во постигнувањето на Милениумските цели на ОН инвестирале владите на многу земји, Светската банка и индивидуалните бизнисмени.

Намерата на ОН е до 2015 година да се преполови бројот на екстремно сиромашните луѓе и да се обезбеди основно школување на сите деца во целиот свет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП