7 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропската комисија бара дополнителни средства

Европската комисија бара дополнителни средства

evro3

Европскиот комесар за буџет Јануш Левандовски изјави денес дека на Европската унија и се потребни уште 3,9 милијарди евра за плаќање на обврските во оваа година.

Барањето за дополнителни пари, кое следеше по само неколку месеци откако пратениците на Европскиот парламент и министрите од земјите-членки се согласија за буџетот да обезбедат дополнителни 7,3 милијарди евра, врз основа на информациите кои владите ги доставија за износот на пари кои се неопходни за покривање на исплатата поврзана со кохезионата политика.

Левандовски истакна дека наведените бројки се причина што Европската комисија објавила барање за добивање на дополнителни средства.

„Во повеќе наврати јас предупредив дека буџетите на ЕУ се под легитимните барања на корисниците на буџетот од европскиот блок“, изјави Левандовски и додаде дека барањата на владата јасно покажуваат дека се потребни дополнителни фондови за исполнување на законските обврски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП