13 декември, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААСОМ: Масовни протести доколку Владата продолжи насила да турка неевропски закон со...

АСОМ: Масовни протести доколку Владата продолжи насила да турка неевропски закон со европско знаменце

Асоцијацијата на спортски обложувалници (АСОМ) одржа брифинг со новинари за да ја информира јавноста за следните чекори доколку Владата не го повлече Законот за игри на среќа кој треба да се носи со Европско знаменце. Од АСОМ се на ставот дека нема никаков основ законот да се носи на овој начин и во брза постапка, а за тоа алармирале и Евромабасадорот Гир, но и други пратеници кои тврдат дека законот мора да се донесе во широка дебата и во редовна постапка.

„Како е можно, Владата без дебата, без основна финансиска анализа и импликации од законот, без конкретни докази за ефектите од законот, да сака да протурка нешто што ќе биде колапс на индустријата? Овој закон ќе има страшни последици по буџетот и вработувањата, односно ќе значи оставање на улица 10.000 вработени, играње на црно и враќање на сивата економија на голема врата, и ова го имаме како доказ од регионот конкретно од Албанија“, констатира Илијевски.

Од АСОМ потенцираа дека тие се сериозна организација која низ годините понуди многу предлози како да се унапреди целата индустрија по европски терк. Тие истакнаа дека имаат решенија, сериозен правен тим и искуство од европски земји каде нивните членки работат и дека се понудиле вистински да ѝ помогнат на Владата да дојде до подобар закон, но таа останала глува на нивните барања.

Тие посочија дека само во последниот месец откако Владата ги прифати измените на Законот за игри на среќа на предлог на Министерството за финансии, на различни начини преку отворени писма до Владата, јавни повици преку медиумите, писма до Делегацијата на Европската Унија во земјава, писма до Собранието итн., се обиделе да ги повикаат на дијалог, но, велат од АСОМ, институциите тенденциозно ги игнорирале.

„Владата доби јасна порака и од евроамбасадорот Гир дека не смее да се злоупотребува ЕУ знаменцето за носење закони без дебата. Имаме и ние писмо со истиот став од ЕУ амбасадорот. Во комуникација со пратеници и политички групи сите потврдуваат дека нема основ за европско знаменце на овој закон, но сѐ уште не е повлечено. Бараме итно враќање на законот во редовна постапка и отворање на транспарентна процедура за носење на овој закон. Ова е политичко насилство кое не доликува на земја аспирант во ЕУ.“ – потенцираа од АСОМ.

Од АСОМ порачаа дека до крај ќе се борат против закон кој значи затворање на легалната индустрија на игри на среќа, која постои секаде во светот и која во нашата земја во буџетот годишно носи прилив од 250 милиони евра.

„Доколку институциите останат глуви на нашите апели и покрај сите обиди за дијалог, најавуваме жесток отпор и масовни протести. Нема да дозволиме заради нечии скриени интереси да се уништува цела една легална гранка“ – истакнуваат од АСОМ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП