Клиниката за детски болести утре ќе почне да им го дава лекот „трикафта“ на пациентите со цистична фиброза за кои е утврдено дека се во најкритична состојба. Директорката на Клиниката за детски болести, Стојка Нацева-Фуштиќ, вели дека лекот утрово стигнал кај нив.
„Од утрово веќе ги примаме пациентите што треба да почнат со терапија. На Клиниката примаме околу шестмина пациенти, а двајца ќе се водат на Клиниката за пулмологија. Очекуваме да почнеме со терапија овие денови, кај некои од утре. Очекуваме позитивен ефект од терапијата во однос на подобрување на белодробната функција, квалитетот на исхрана, на квалитетот на живот, на нутритивниот статус, намалена зачестеност на хоспитализаци и поактивен живот на пациентите. Двајца од пациентите се во навистина критична состојба, тие ќе се лекуваат на Клиниката за пулмологија. Ефектот од терапијата е неизвесен, но ќе се обидеме да им ја подобриме состојбата со белодробната болест“, рече директорката Нацева-Фуштиќ.

