4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКој е најчесниот град во светот?

Кој е најчесниот град во светот?

parichnik1

Со намерно „губење“ на паричниците во целиот свет, новинарите на „Reader’s Digest“ забележаа дека најчесен град е Хелсинки, а дека во Лисабон е најтешко да пронајдете „чесен пронаоѓач“.

Новинарите во 16 градови, од Хелсинки и Москва, преку Бомбај и Будимпешта, до Лисабон и Њујорк „изгубиле“ вкупно 192 паричници. Новинарите намерно ги фрлале паричниците на јавно место, во трговските центри, паркови или на тротоарите и гледале што ќе се случи, во паричникот оставале педесетина долари и кредитни карички, фотографии, име и телефонски број.

Се покажало дека Хелсинки е најчесниот град во кој биле вратени единаесет од дванаесет паричници. Следи Бомбај со девет вратени паричници, а на треттото место се Будимпешта и Њујорк со осум вратени паричници.

parichnik2

Словенечката престолнина Љубљана е на средина на листата, зад Москва, Амстердам и Берлин, а зад неа следат Лондон, Варшава, Букурешт, Рио де Жанеиро, Цирих, Прага и Мадрид. Во Лисабон бил вратен само еден паричник, но и тој бил вратен од една постара двојка од Холандија.

Новинарите на „Reader’s Digest“ заклучија дека ниту воздраста, ниту полот или финансиската ситуација не можат да помогнат во предвидувањето кој ќе биде чесен. Паричниците, вкупно 47 вратени паричници, биле вратени од млади, стари, мажи, жени, деца, сиромашни и богати лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП