19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГувернерот на Флорида подготвен со брод да го донесе Ѓоковиќ во Мајами

Гувернерот на Флорида подготвен со брод да го донесе Ѓоковиќ во Мајами

Рон Десантис, гуврнерот на Флорида, побара американскиот претседател Џо Бајден да му дозволи на Новак Ѓоковиќ да настапи на Мастерсот во Мајами од 19 март до 2 април, порачувајќи дека е подготвен да му организира „чартер лет или брод“ за тој да настапи на тенис турнирот.

„Тој претставува нула ризик за сите во САД, нула ризик за Флорида и нула ризик за Мајами. Ќе земам брод да го донесам од Бахамите до Мајами“, изјави Десантис.

Тренерот на Ѓоковиќ, Горан Иванишевиќ потврди дека Србинот останува на планот да игра на Мастерсот во Мајами и покрај тоа што не доби дозвола да влезе во САД поради тоа што во земјата уште важат правилата за забрана за влез на тие кои не се вакцинирани против Ковид.

„Уште не сме се откажале. Тој го има тоа во умот, сака да игра. Би сакал да го пуштат, бидејќи тоа ќе биде добро за него и за турнирот, но нема да биде крај на светот ако не го пуштат. Но, би било добро да добиеме брз одговор за да направиме план“, изјави Иванишевиќ за „Спорт клуб“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП