28 март, 2024
ПочетнаСВЕТКанцеларијата на Зеленски: Украина нема никаква врска со нападот на гасоводот „Северен...

Канцеларијата на Зеленски: Украина нема никаква врска со нападот на гасоводот „Северен тек“

Советникот на шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Михаил Подољак, негира вмешаност на Украина во минирањето на „Северен тек“.

„Украина нема никаква врска со инцидентот во Балтичкото Море и нема информации за „проукраински диверзивни групи““, напиша Подољак на Твитер.

Претходно „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на американски претставници, објави дека нападите на „Северен поток“ ги извршила проукраинска група.

Оштетување на три од четири крака на гасоводите „Северен тек“ и „Северен поток 2“ е откриено на 26 септември минатата година. Германија, Данска и Шведска не ја исклучуваат можноста дека станува збор за насочена диверзија. Операторот на „Северен тек“, компанијата „Норд стрим АГ“, соопшти дека на гасоводите е причинета невидена материјална штета и дека е невозможно да се процени кога ќе се санираат.

На 8 февруари американскиот новинар Сејмур Херш објави текст за неговата истрага за експлозиите на гасната мрежа „Северен тек“. Во написот Херш наведува дека за време на воените вежби на НАТО „Балтопс“ во летото 2022 година, американските нуркачи поставиле експлозив под цевководите „Северен тек“, кои биле активирани три месеци подоцна од Норвежаните.

Пентагон и Белата куќа објавија дека САД немаат никаква врска со тоа, а Стејт департментот повика да се верува на американската позиција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП