4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБајден удира по џебот на богатите Американци

Бајден удира по џебот на богатите Американци

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ќе предложи да се зголемат од 3,8% на 5% даноците на граѓаните на САД чии приходи се повеќе од 400.000 долари годишно.

Исто така се планира да се ограничат трошоците на федералната програма за здравствено осигурување „Medicare“ за лекови кои се се препишуваат на пациентите, информираат „The New York Times“ и „The Washington post“, цитирани од „Reuters“.

Целта на мерките, меѓу кои е и постоечката обврска на фармацевтските компании да прават попусти на цените за најскапите лекови што ги продаваат на „Medicare“, е финансиско стабилизирање на програмата за здравствено осигурување. Мерките се очекува да го намалат буџетскиот дефицит за 159 милијарди долари, се вели во написот на претседателот Бајден објавен во „NYT“.

Фондот што го финансира „Medicare“ ќе остане стабилен во следните 25 години или подолго, по 2050-та година, доколку предлозите стапат на сила, истакна американскиот претседател.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП