22 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИH&M го зголеми профитот за една третина

H&M го зголеми профитот за една третина

hm1

Шведскaта модна компанија „H&M“, наведува дека профитот во третиот квартал е зголемен за речиси една третина, благодарение на добрата продажба, особено во Кина и Јапонија.

„H&M“ наведува дека приходите во третиот квартал пораснале на 32 милијарди круни (пет милијарди долари) од 28,8 милијарди круни во истиот период минатата година, пренесува агенцијата АП.

Нето профитот истовремено се зголемил за 22 проценти од 3,6 на 4,4 милијарди круни (690 милиони долари).

Извршниот директор на компанијата Карл Јохан Персон е оптимистичен во врска со прогнозите, опишувајќи го августовското лансирање на онлајн продажбата во САД како многу успешно.

Во изминатите девет месеци, шведската модна компанија отвори 215 нови продавници во целиот свет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП