2 мај, 2024
ПочетнаСВЕТУжас во Москва: Научникот кој ја разви вакцината Спутник V пронајден задавен

Ужас во Москва: Научникот кој ја разви вакцината Спутник V пронајден задавен

Убиен е научникот кој помогнал да се создаде руската вакцина против Ковид-19, јавуваат државните медиуми, а пренесува британскиот Sky News.

ТАСС јави дека Андреј Ботиков (47) вчера бил задавен со појас во неговиот стан во северозападна Москва.

Научникот работел за Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија на вакцината Спутник V.

За ова убиство е уапсен 29-годишен маж кој ја признал вината, јави ТАСС.

Новинската агенција соопшти дека истражителите веруваат дека убиството било резултат на семеен спор.

Според некои информации, тој наводно бил убиен од разбојник кој упаднал во неговиот дом.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП