6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Kia“ го откри својот електричен предводник (ФОТО/ВИДЕО)

„Kia“ го откри својот електричен предводник (ФОТО/ВИДЕО)

Корејската компанија „Kia“ ја крена завесата на својот водечки кросовер, прикажувајќи видео и темни фотогафии од предниот дел и силуетата на својот целосно нов електричен „EV9“, кој официјално ќе биде претставен на крајот на март.

„Kia EV9“ ќе биде најголемиот и технолошки најнапредниот електричен кросовер на брендот, објави „AutoExpress“. Ќе се издвојува од останатите модели со препознатлива силуета, но сериската верзија на кросоверот ќе биде многу слична на концептот „EV9“ прикажан минатата година. Електричниот автомобил ќе задржи необична силуета и импресивен преден и заден изглед.

Без многу детали, „Kia“ објавува дека, како и „EV6“, моделот „EV9“ е развиен врз основа на специјалната глобална платформа за електрични возила „E-GMP“ (Electric Global Modular Platform), која ќе овозможи инсталирање на батерија со голем капацитет.

Големиот електричен кросовер со седум седишта напред ќе ја добие карактеристичната графика на „Kia“, напуштајќи ја традиционалната решетка на ладилникот. Задните светла ќе се протегаат по должината на столбовите „D“ и до мал спојлер на покривот.

Внатрешноста сè уште се чува во тајност, но се известува дека внатрешната облога ќе биде направена од рециклирани пластични шишиња и волнени влакна. Подот ќе биде покриен со рециклирани стари рибарски мрежи, а компанијата вели дека планира постепено да го укине целото животинско крзно во своите автомобили.

Внатрешноста на „EV9“ се очекува да црпи инспирација од радикалната кабина со седум седишта на концептниот автомобил, иако и без саомубиствените врати. 27-инчниот широк екран би бил еден од најголемите вградени во сериски автомобил и ќе биде високо поставен на контролната табла.

Се очекува и релативно минималистички дизајн на кабината со неколку физички копчиња. Автомобилот ќе има тркала од 21 инчи и масивни браници.

Димензиите на „Kia EV9“ се следните: должина од 4.930 mm, ширина од 2.055 mm, висина од 1.790 mm, меѓуоскино растојание од 3.100 mm. Со овие димензии и три реда седишта ќе им конкурира на „Mercedes-Benz“, „BMW“ и „Audi“ како и на претстојниот „Hyundai Ioniq 7“.

Според неофицијални информации, електричниот автомобил ќе биде достапен во верзии со погон на задните тркала со 200 ks и погон на сите тркала со 400 ks Максималната резерва на моќност ќе биде повеќе од 450 километри.

Воведувањето на електричната линија на „Kia“ започна со „EV6“, а корејската марка има уште девет електрични возила до 2027-ма година. Првиот од овие нови модели ќе биде големиот „SUV“ – „EV9“.

Неодамна беа објавени проценетите цени, почнувајќи од 56.000 долари за основниот модел со 200 ks и достигнувајќи до 73.000 долари за водечкиот модел со 400 ks, но, ова е неофицијално.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП