26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаководителите со поповолна оценка за економската состојба на претпријатијата

Раководителите со поповолна оценка за економската состојба на претпријатијата

Drzaven_zavod_za_statistika

Економската состојба на деловните субјекти во август годинава раководителите ја оценуваат како поповолна во однос на август минатата година, објави Државниот завод за статистика.

Нивната оценка за обезбеденоста на производството со порачки е понеповолна во однос на претходниот месец. Обемот на производството во август 2013 година е поповолен во однос на претходниот месец, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни, додека очекувањата за бројот на вработените се поповолни.

Залихите на суровини и репроматеријали, како и тековните набавки на суровини и репроматеријали во август годинава се под и околу нормалата. Залихите на готовите производи се зголемени во споредба со претходниот месец. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во август 2013 година изнесува 60,7 отсто од нормалното искористување.

Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството, според раководителите на економските субјекти, се недоволната странска побарувачка со 26,8 отсто, недоволната домашна побарувачка со 18,7 отсто, неизвесното економско опкружување со 10,2 отсто и финансиските проблеми со 9,9 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП