Нефункционалните кредити во моментов се на релативно ниско ниво, што е добро и покажува дека кризата оваа година не влијаеше на зголемувањето на лошите кредити. Сепак, реално е да се очекува дека ќе има пораст на нефункционалните кредити во наредниот период, имајќи ги предвид проблемите низ кои поминува нашата земја, но и регионот и цела Европа. Тие секако би можеле да доведат до зголемување на нивото на лоши заеми, особено во оние економски гранки кои се многу зависни од нормалниот тек на синџирите на снабдување со светот.
Кога станува збор за населението, и таму може да се очекува повисоко ниво на нефункционални кредити поради зголемувањето на цената на кредитите во евра, што е последица на зголемувањето на референтната каматна стапка на Европската централна банка (ЕЦБ).
Да потсетиме, референтната каматна стапка на ЕЦБ во моментов е три проценти и дека креаторите на монетарната политика сигурно ќе продолжат да ја зголемуваат основната каматна стапка во наредниот период, со оглед на тоа што се покажа дека ова зголемување нема особено големо негативно влијание врз економската активност во еврозоната.
Кога станува збор за кредитната политика, односно за најавените построги услови на банките за одобрување кредити, се однесува пред се на повисоките камати.
Еурибор продолжува да расте
Зголемувањето на основната каматна стапка на Европската централна банка донесе ненадеен раст на еуриборот во изминатава година, што ги принуди сите граѓани кои имаат долгорочни кредити со променлива каматна стапка, главно за домување, редовно да пресметуваат колку ќе им се зголемат месечните рати.
Вредноста на шестмесечниот еурибор на 1 февруари ја надмина границата од три отсто. Кон него се приближува и тримесечниот Еурибор (3М), кој на 9 декември минатата година скокна два отсто, а моментално има вредност од 2,744 отсто. Тоа е за 3.314 отсто повеќе во споредба со почетокот на 2022 година.

Инаку, најголемите банки во Македонија ги врзуваат променливите каматни стапки со шестмесечниот еурибор. Тоа значи дека ратите на кредитот се коригираат на 30 јуни и 31 декември. Доколку кредитите се врзани за тримесечен еурибор се корегираат на 31 март, 30 јуни, 30 септември и 31 декември.
ЕИБ: Квалитетот на кредитите ќе опаѓа во следните шест месеци
Матео Фераци, претставник на Европската инвестициска банка, на годишната конференција на ЕИБ рече дека банките од Западен Балкан очекуваат зголемување на нефункционалните кредити.
„Ваквите очекувања се појавија пред една година. Но, тие не беа реализирани во поголема мера. Сега банкарите повторно очекуваат дека ќе има пораст на нефункционални кредити до одредено ниво, што ќе влијае и на профитабилноста на банките. Сепак, тој раст нема да биде како пред неколку години. Овие очекувања се природни со оглед на забавувањето на економиите“, објасни Фераци.
Не треба да заборавиме дека тргнуваме од моментално ниско ниво на лоши кредити. Нема посебни скокови кога станува збор за поединечни пазари и затоа македонските банки можат да го издржат најавеното зголемување на нефункционални кредити, велат експертите.