12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранција очекува рекорден јавен долг

Франција очекува рекорден јавен долг

200555621-001

Франција го претстави нацрт-буџетот за 2014 година наведувајќи дека јавниот долг ќе достигне рекордни 95,1 проценти од бруто домашниот производ (БДП).

Тоа е многу повеќе во однос на досегашните прогнози.

Владата во Париз, сепак, напоменува дека долгот ќе биде намален во 2015 година и дека ќе се испочитува рокот на Европската унија за намалување на јавниот дефицит под границата од три проценти, пренесува агенцијата Франс прес.

Фрација се бори да го поттикне слабиот економски раст во време на рекордна невработеност, ограничени инвестиции и ниска домашна потрошувачка.

Околу 80 проценти од фискалното штедење во наредната година ќе биде оствaрено со намалувањето на јавната потрошувачка, а 20 проценти со раст на даноците, наведува владата.

Овие одлуки се засноваат на проценката дека БДП во 2014 година ќе се зголеми за 0,9 проценти, што е ниво блиску до проценките на француските економисти, кои прогнозираат економски раст од 0,8 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП