ЗДРАВЈЕ

Лоша циркулација или…? Што кажуваат студените стапала за нашето здравје

Дали вашите стапала често се ладни? Оваа состојба може да биде последица на ниските зимски температури, но и знак дека имате некои здравствени проблеми.

Додека за некои тоа може да биде нормална реакција на телото, според некои експерти студените стапала може да имаат и наследен фактор, односно може да биде наследна карактеристика. Сепак, студените стапала често се симптом на некои болести и здравствени проблеми, а меѓу најчестите се слабата циркулација во екстремитетите или слабата сензација во нервите.

Д-р Дина Гохил вели дека студените стапала понекогаш се симптоми на слаба циркулација, анемија, дијабетес, хипотироидизам и други помалку опасни состојби.

„Кога велиме дека студените стапала се резултат на лошата циркулација, тоа значи дека топлата крв не тече до стапалата и тие се неизбежно постудени од остатокот од телото“, објаснува д-р Гохил.

Таа додава дека доколку тоа ни се случува често, треба да побараме и совет од лекар.

За да ги загреете стапалата и да ја ослободите оваа состојба, таа ги препорачува следниве методи:

  • масажа на стапалата за стимулирање на циркулацијата
  • носење топли чорапи
  • носење обувки кои ја задржуваат топлината
  • користење шишиња со топла вода за стапалата
  • користење на грејачи за прсти
  • намален внес на кофеин