1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД во октомври ќе останат без пари?

САД во октомври ќе останат без пари?

sad123

Владата на САД предупредува дека нема да биде во сосотојба после 17. октомври нормално да ги подмирува своите обврски со оглед на постоечката горна граница на јавниот долг.

Американскиот министер за финансии Џејкоб Лу, во своето обраќање пред Конгресот, рече дека по неколку месечното „жонглирање со потрошувачката, поради исполнувањето на владините обврски без дополнителни задолжувања, овие вонредни мерки до тој датум ќе бидат исцрпени“, со што министерството за финансии ќе остане само со 30 милијарди долари во готовина, пренесува Франс прес.

„Овој износ ќе биде далеку помал од нето расходите во одредени денови, кој би можеле да достигнат дури 60 милијарди евра. Ако немаме доволно пари во нашите раце, ќе биде невозможно САД да ги исполни своите обврски, за прв пат во историјата“, додаде тој.

Тој го повика Претставничкиот дом законски да ја зголеми горната граница на јавниот долг, која во мај беше одредена на 16,700 милијарди долари.

„Подигнувањето на границата за задолжување не ја зголемува владината потрошувачка, туку само му овозможува на Министерството за финансии да ги плати расходите кои Конгресот веќе ги одобри“, додаде тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП