2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗавршна манифестација за адаптација на земјоделството кон климатските промени

Завршна манифестација за адаптација на земјоделството кон климатските промени

m

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, денеска во Свети Николе,  ќе се обрати на завршната манифестација „Карван за климатски промени“, којa e дел од проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени.

Настанот, кој го реализира Мрежата за рурален развој на Република Македонија, ќе се одржи во Средното земјоделско училиште во Свети Николе.

Донесувајќи ги експертите за климатски промени во руралните средини, Карванот за климатски промени има за цел да ги едуцира индивидуалните земјоделци и нивните заедници во однос на очекуваните ефекти од овие промени.

Низ сесии на отворени прашања и одговори, експертите ќе дискутираат за одредени проблеми со кои се соочуваат земјоделците, ќе споделат стратегии за адаптација кон ефектите од климатските промени и ќе ја нагласат важноста од проактивни одговори на ниво на заедницата.

Тригодишниот проект на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени започна да се спроведува во април 2012, од страна на Мрежата за рурален развој на Македонија.

Целта на проектот е да им помогне на земјоделците да се адаптираат на климатските промени и да го зачуваат нивото на приход преку намалување на штетите предизвикани од промените во животната средина.

Проектот е фокусиран на медитеранската зона, вклучувајќи делови од Вардарскиот регион заедно со Струмица и Гевгелија, како земјоделско богати региони кои се под најголемо влијание од климатските промени.

Се очекува на настанот да се обратат директорот на мисијата на УСАИД во Македонија Џејмс Стејн, градоначалникот на Свети Николе Зоран Тасев и директорот на проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени Петар Ѓоргиевски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП